Monday, January 5, 2015

Принципи на работа, скенирање и моделирање

3Д скенер
 
  3Д скенерот е уред кој го анализира просторот и собира податоци за формата и структурата на предметите кои се скенират.Добиените податоци подоцна можат да се користат за краирање на тридимензионални објекти.Освен за филмската индустрија и компјутерските игри, уште една важна примена на 3Д скенирањето е и во индустрискиот дизајн и документирањето на археолошките наоди.Најважниот елемент во 3Д скенирањето е рефлексијата на светлината врз објектот. а тоа е во зависност од интензитетот на светлината, бојата на рефлексираната површина.Белата површина рефлектира многу, додека темните површини рефлектираат значително пониски износи на светлина.

      3Д системите на моделирање брзо стануваат се повеќе достапни како персонални компјутери кои се во можност да прикажат 3Д графика, стануваат евтини за да бидат достапни до општата популација.Филмовите и компјутерските игри се тие кои ја прошируваат индустријата.Таа е толку развиена што речиси е невозможно да се направи разлика помечу фотографија и моделирани слики:Овој принцип на моделирање се нарекува нереалистичен принцип на фотомоделирање.Тоа е метод кој отвара бројни врати кон филмската индустрија бидејќи тоа е многу побрзо и подобро да се постигнат фасцинантни сцени, сцени кои го застануваат здивот.Голема предност во користењето на 3Д моделирањето и анимирањето е позавањето од таа област и времето.Се може да се направи од една соба, на филмовите кои се базирани на 3Д технологија работат околу 500 професионалци, а самата технологија која се користи при 3Д моделирањето е многу сакапа.Сепак напредокот на технологијата и нејзиниот развој и конкуренцијата на самиот пазар се мисли дека за едно година дена цената ќе се сушти за да биде подостапна.Покрај филмската индустрија потребно е да се спомене и индустријата со компјутерски игри.Оваа индустрија не треба да се игнорира бидејќи таа го диктира развојот на компјутерската платформа.Игрите се посложени бидејќи 3Д графиката доаѓа до високо ниво.Науките како што се медицина, хемија, биологија исто така го пронашле својот пат кон употреба на 3Д технологијата.Без оглед на тоа дали се научни дисциплини, трговија или забавна индустрија, во денешниот свет има се поголема дигитализација.

Објект скениран со 3Д технологија

No comments:

Post a Comment